Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Интер планираат во јануарскиот преоден рок да тргнат во офанзива на уште еден играч на Манчестер Јунајтед.
Српскиот фудбалер Немања Матиќ е голема желба на Антонио Конте кој му наредил на Марота да се обиде да го ангажира фудбалерот во јануари.
Матиќ не е редовен оваа сезона под водство на Оле Гунар Солскјер и лесно би можело да се случи тој да го напушти „Олд Трафорд“.
Интер за да го донесе Матиќ најпрво ќе треба да се ослободи од Борха Валеро кого не успеаја да го продадат во летниот преоден рок.