Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тимотна Интер дефинитивно испадна од трката за титулата во Серија А откако денеска киксираше на домашен терен против Сасуоло.
Во натпревар во кој видовме шест погодоци и многу возбудувања на крајот двата тима ги поделија бодовите.
Капуто го отвори резултатот уште во 4. минута и донесе предност за тимот на Сасуоло, но Интер со головите на Лукаку и Бираги во финишот од првото полувреме стигна до пресврт.
Сасуоло го израмни резултатот преку Доменико Берарди во 81. минута кога го матираше Хандановиќ од пенал.
Интер го врати водството со голот на Борха Валеро во 86. минута, но само две минути подоцна Мањани го постави конечниот резултат, 3:3.