Интер доби голем удар пред реваншот во полуфиналето на ЛШ


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Интер во вторник ќе ја угости Барселона во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Нема добри вести за навивачите на италијанскиот великан во однос на состојбата на ударната игла на тимот, Лаутаро Мартинез.

Пред два дена го следевме одличниот полуфинален меч на Лигата на шампионите. Барселона и Интер завршија нерешено 3:3 и патникот во финалето ќе го одреди реваншот во Милано во вторник.

Пред реванш натпреварот, тренерот на Интер, Симоне Инзаги, се соочува со голем проблем. Речиси сигурно нема да може да смета на Лаутаро Мартинез, за што денес пласираат медиумите во Италија.

“Лаутаро Мартинез утрово изврши различни прегледи во Институтот Хуманитас во Розано”, истакнаа од клубот и додадоа:

“Утврдено е дека аргентинскиот напаѓач има истегнување на флексорите на левото бедро. Неговата состојба ќе се следи ден по ден.”

Фото: Принтскрин