Интер донесе одлука за иднината на Инѕаги


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер има солидна сезона затоа што ќе игра во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), додека во Серија А ќе мора да се задоволи со пласман во топ-4.

Лошиот почеток на сезоната го донесе тренерот Симоне Инѕаги на праг до отказ, но некако го преживеа катастрофалниот период и остана на кормилото на клубот од „Џузепе Меаца“.

Директорот на Интер, Џузепе Марота во разговор со италијанските медиуми откри каква е иднината на Инѕаги.

„Инѕаги е недопирлив. Никогаш не бил во опасност и не сме размислувале за негов отказ. Инѕаги ќе биде наш тренер и следната сезона“, кажа Марота.