Интер го среди Наполи во дербито на „Сан Паоло“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку уште еднаш го предводеше тимот на Интер до нова победа во италијанската Серија А.

Интер со 3:1 славеше на гостувањето кај Наполи и со тоа остана на првата позиција на табелата во калчото.

РомелуЛукаку го отвори резултатот уште во 14. минута. Истиот играч зголеми на 2:0 во 33. минута, а надежта за домашниот тим ја врати Аркадиуш Милик шест минути подоцна.

Точка на натпреварот стави Лаутаро Мартинез кој постигна гол во 61. минута за конечни 3:1 за Интер.