Интер го ставил Ериксен на трансфер листа, со коментар се јави самиот играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесоа дека од таборот на Интер го ставиле зимското засилување, Кристијан Ериксен на трансфер листа.

Клубот ќе го продаде данскиот интернационалец за сума од околу 35 милиони евра затоа што фудбалерот воопшто не импресионира во првата полусезона како член на италијанскиот тим.

Сепак, самиот фудбалер вели дека е среќен во редовите на Интер и дека не планира да си оди од клубот.

„Многу сум среќен каде што сум. Сакав нов предизвик и го добив. Мојот целосен фокус е на Интер и со нетрпение очекувам да се вратам“ –изјави Ериксен.