Интер и Челси ќе почнат преговори за Лукаку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Интер и Челси ќе почнат преговори за белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој минатото лето го засили премиерлигашот, но не ги оправда очекувањата.

Лукаку сака да заигра за Интер, но Челси ќе го пушти само ако калчолигашот исполни дел од условите за позајмица.

Челси за Лукаку троши околу 25 милиони евра, а Интер ќе мора да плаќа по толку ако сака да го врати Лукаку следната сезона.

Постојат и други опции, а една од нив е Интер да испрати некој од своите фудбалери во Челси на позајмица за да не плати ништо за Лукаку.

Како имиња кои се поврзуваат со преселба во Челси се Шкрињар, Барела и Мартинез.