Интер ќе го брка Скудетото со големо засилување од италијанската репрезентација


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер планира да си земе уште еден напаѓач, по Един Џеко кој пристигна во Милано, а сега изборот паднал на италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти.

Цената на Белоти му падна од 75 милиони евра на само 15-20 милиони евра, па сега Интер може да го земе за малку пари.

Белоти беше одличен во дресот на Торино, па во кариерата одигра 203 натпревари и постигна 108 голови, па со години беше еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

Интер сака побрзо да пронајде засилувања кои ќе можат да го заменат Ромелу Лукаку, кој замина во Челси, а освен интерес за Белоти, „нераѕурите“ го сакаат и Кореа од Лацио, но тоа ќе биде речиси невозможна мисија.