Интер ќе купува во јануари, една од трансфер целите е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте не планира да запре, па ќе го засилува тимот на Интер и во јануарскиот преоден рок.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека од редовите на Интер се заинтересирани за услугите на Матео Дармијан кој ова лето се врати во Италија и потпиша за тимот на Парма.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед веќе одигра шест средби за „млекарите“ и остави одличен впечаток со што го привлече вниманието на тимот кој ќе се бори за титулата во Серија А оваа сезона.