Интер ќе профитира: Следно лето ќе добијат над 100 милиони евра од трансфери


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер потроши многу пари во минатиот преоден рок, откако ангажираа многу засилувања, а со трансфери ќе продолжат и во јануари.

Сепак, добра вест е тоа што наредното лето ги чека голем профит. Италијанските медиуми пишуваат дека Интер следното лето треба да заработи 108 милиони евра од тројца фудбалери.

Најголема заработка се очекува од Мауро Икарди, која се очекува да биде дури 70 милиони евра. Друг фудбалер на кој не сметаат, а следното лето ќе биде продаден, е Далбер за чиј трансфер ќе добијат 20 милиони евра.

На крајот, 18 милиони евра би требало да пристигнат од продажбата на Жоао Марио, кој е на позајмица со право на откуп во Локомотива Москва.