Интер Мајами демантира: Нема да гледаме дуел меѓу Меси и Роналдо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер Мајами ги демантираше информациите дека договорил пријателски меч против Ал Наср во февруари 2024 година.

Американците тврдат дека станува збор за шпекулации и во ниту еден момент не планирале таков натпреваро.

„Во текот на денот беше објавена информација дека Мајами ќе игра против Ал Наср, но тоа не е вистина. Никогаш не сме зборувале на ваква тема. Ние сè уште сме во преговори околу претсезоната во 2024 година“, соопшти клубот на Лионел Меси.