Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Интер планира да ја продолжи соработката со аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот игра неверојатно оваа сезона и ги предводи „нераѕурите“ кон титулата, а раководството на калчолигашот сака да му го продолжи договорот до 2028 година.
Интер му нуди плата од осум милиони евра по сезона плус два милиони евра во бонуси, а со тоа треба да се задоволат апетитите на Мартинез кој претходно побара плата од 10 милиони евра.
Мартинез досега постигна 98 голови за италијанскиот гигант, а оваа сезона е лидер на листата со стрелци со 19 погодоци.