Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот европски шампион Интер во наредната сезона најверојатно ќе добие нов тренер. Со италијанскиот клуб се поврзуваат повеќе тренерски имиња, а едно од нив е Антонио Конте.
Но, навоодно, Конте поставил услови за преземање на Интер. Италијанецот бара тригодишен договор вреден 30 милиони евра нето, но освен тоа бара и итна продажба на Мауро Икарди и Иван Перишиќ, за во соблекувалната веднаш да се воспостави ред.
Од првиот човек на клубот, според италијанските медиуми, ги барал и Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, како и Стивен Бергвијн од ПСВ.
Да потсетиме, како можен наследник на Лучано Спалети се споменуваше и Жозе Мурињо, кој со голем успех во минатото го предводеше тимот.