Интер нуди играч плус пари на Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека од таборот на Интер веднаш штом и официјално го назначат Антонио Конте за нов предводник ќе тргнат по услугите на Ромелу Лукаку.

Робусниот напаѓач долго време е мета на раководството на Интер, а лошата сезона во Манчестер Јунајтед би можела да ги натера челниците на клубот да го пуштат да си замине.

Наводно, од Интер веќе ја подготвиле понудата во која ќе го вметнат и Иван Перишиќ кој беше голема трансфер желба на Жозе Мурињо.

Освен Перишиќ, од Интер ќе понудат и околу 30 милиони евра, сума која сметаат дека ќе биде прифатлива за Манчестер Јунајтед.