Интер по само осум месеци го продава Кристијан Ериксен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Интер планираат да го продадат Кристијан Ериксен, осум месеци по неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“ од Тотенхем.

Интер го донесе Ериксен за сума од околу 20 милиони евра во јануари, а сега Конте е подготвен да го продаде за околу 40 милиони евра со цел да собере средства за нови трансфери.

Ериксен не се изнаигра многу во таборот на Интер и постигна само еден погодок и имаше само две асистенции во вкупно 17 натпревари во Серија А.

„Кориере Дело Спорт“ пишува дека доколку пристигне понуда од околу 40 милиони евра, Интер ќе се согласи да го пушти Ериксен затоа што веќе планира да го донесе Артуро Видал од Челси.