Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер го намали буџетот за следната сезона и поради тоа се очекува да продаде некоја од ѕвездите, но тоа нема да ги спречи да ангажираат искусни засилувања кои треба да им помогнат во борбата за одбрана на Скудетото.
Актуелниот шампион вчера го ангажираше Хакан Чалханоглу од нивниот градски ривал Милан, и тоа целосно бесплатно, а сега „нераѕурите“ сакаат и искусен фудбалер на Барселона.
Екипата од Милано ги контактирала менаџерите на Жорди Алба и веќе е подготвена првата понуда за неговите услуги, па има големи шанси да го добие неговиот потпис затоа што претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави распродажба.
Раководството на Интер очигледно смета дека со искусни фудбалери ќе може и следната сезона да го освои Скудетото, иако тоа ќе биде ептен тешко со оглед на малиот буџет.