Интер посакува најмалку тројца играчи за јануарскиот преоден рок


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Реконструкцијата на Интер ќе продолжи и во зимскиот преоден рок, а Антонио Конте ќе добие најмалку три засилувања.

Имено, како што пишува „Газета дело Спорт“ во Интер оваа зима треба да пристигнат еден напаѓач, еден офанзивец и еден играч од одбраната, а не е исклучена можноста клубот да го засили  и играч од средниот ред.

Оливие Жиру од Челси, Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед, Дејан Кулушевски и Матео Дармијан од Парма и Иван Ракитиќ од Барселона се играчите кои најмногу се поврзуваат со премин на „Џузепе Меаца“..