Интер претстави ново засилување, трето во два дена


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Од таборот на Интер вчера ги презентираа трансферите на Диего Годин и Валентино Лазаро, а во текот на денешниот ден беше претставено ново засилување за следната сезона.

Нов фудбалер на Интер е Стефано Сенси кој доаѓа од редовите на Сасуоло како позајмен фудбалер со опција договорот да стане перманентен.

Сенси сезонава што измина беше редовен во дресот на Сасуоло и на 30 средби запиша два погодоци и реализираше четири асистенции. Фудбалерот веќе има и два настапи за репрезентацијата на Италија.