Интер прв даде гол, па се распадна: Милан го доби градското дерби! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан беше „гостин“ во градското дерби против Интер, а на крајот успеа да слави со 2-1 и така да се врати во борбата за Скудетото.

Интер имаше подобар почеток на натпреварот. Думфрис по 10 минути погоди со глава, но голот беше поништен поради офсајд.

Во продолжение пак напаѓаа „нераѕурите“, но Мањан бранеше сè што одеше кон неговиот гол, сепак Иван Перишиќ во 38. минута го матираше за предност на Интер од 1-0.

Во второто полувреме се случи целосен пресврт, а во главна улога беше Оливие Жиру, кој најпрво една одбиена топка ја испрати во мрежата на Хандановиќ за 1-1, а три минути подоцна пак погоди, но овој пат за пресврт (2-1).

Интер останува прв со 53 бодови, односно еден бод повеќе и натпревар помалку од Милан, а на третата позиција е Наполи.