Интер се договорил за трансфер на Икарди, конечната одлука ја има Аргентинецот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер се договорил со Рома за трансфер на Мауро Икарди, па во Милано треба да пристигне Един Џеко плус доплата од 40-50 милиони евра за Аргентинецот.

Рома може да му понуди седум милиони евра по сезона пплус бонуси, а тоа е повеќе од моменталната плата во Интер, но помалку од тоа што му го нуди Наполи.

Икарди сака да се пресели во Јувентус, но италијанскиот шампион не сака да плати повеќе од 50 милиони евра за Аргентинецот и тоа откако ќе ги продадат Пауло Дибала и Марио Манџукиќ, што не е сигурно во моментов.

Сè појасно е дека Икарди ќе го напушти Милано, но засега не е познато кога ќе се случи тоа, иако се шпекулира дека постои можност Аргентинецот да биде продаден до крајот на летниот преоден рок.