Интер си договори замена за Хакими за 15 милиони евра


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тимот на Интер го договори Един Џеко неодамна, а веднаш потоа доби уште едно засилување. Нов член на италијанскиот шампион ќе стане дефанзивецот Дензел Думфрис, кој во редовите на првакот доаѓа од ПСВ Ајндховен.

Договорот меѓу екипите е постигнат, а фудбалерот исто така ги прифати условите кои му беа понудени и во следните денови ќе потпишат официјален договор.

Интер за услугите на 25-годишниот фудбалер ќе му плати 12,5 милиони евра плус два ипол милиони за бонуси на ПСВ.

Думфирс по три години го напушта ПСВ за кој одигра 124 меча и притоа постигна 16 голови.