Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер игра неверојатно оваа сезона и вечерва ја совлада Рома со 4-2 во 24. коло од италијанската Серија А.
Тимот на Симоне Инѕаги постигна гол за водство во 17. минута преку Ачерби, но потоа Рома преку Манчини и Ел-Шарави направи пресврт.
Интер во вториот дел тргна по израмнување и набрзо преку Турам погоди за 2-2, по што Анхелино си постигна автогол за 2-3, а на крајот Бастони погоди за конечни 4-2.
„Нераѕурите“ имаат 60 бодови и се први во Серија А, по што следи Јувентус со седум бодови помалку.