Интер со официјално соопштение ја потврди иднината на Антонио Конте


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Интер предмалку со официјално соопштение ја потврдија иднината на Антонио Конте.

Веќе одреден период се шпекулираше дека Антонио Конте ќе си оди од тренерската позиција на клубот по несогласувањето со раководните лица на клубот.

Сепак,  Интер стави крај на сите шпекулации потврдувајќи дека Антонио Конте ќе биде тренер на клубот и следната сезона.

„Клубот и Антонио Конте имаа конструктивен состанок во текот на денешниот ден на кој се фокусиравме на континуитетот и стратегијата на кој двете страни одлучија да продолжат заедно во овој клупски проект“ –стои во соопштението на Интер.