Интер создава супер тим: Испратија 25 милиони евра за бразилскиот вундеркинд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Два од три најголеми италијански клубови Интер и Јувентус и понатака војуваат околу бразилската сензација Габриел Барбоса, и евидентно е дека младиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата на Чизмата.

Популарниот Габигол од стартот на ова лето се поврзува исклучиво со тие два тима, но моментално во пол пизиција е Интер кој денеска испрати официјална понуда тешка 25 милиони евра за трансфер на овој 19-годишен напаѓач.

Тој моментално е член на Сантош, но неговиот договор е толку замрсен што ни самиот Интер не знае на кого испраќа пари за неговите услови.

Сантош има околу 40 % од неговиот договор, исто колку и неговите родители, а остатокот оди на Доен Спорт маркетинг агенцијата.

Поради оваа најголема финансиска понуда досега за Габигол која ќе се земат во предвид сите клубови, се очекува да биде прифатена  и младиот напаѓач да го гледаме во Серија А и тоа во дресот на Нероаѕурите во следната сезона.