Интер тргна жестоко по Скудетото, Јувентус веднаш испрати примамлива понуда за Икарди!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Интер жестоко ја почна сезоната во италијанската Серија А, откако во првото коло славеше против Лече со убедливи 4-0, па најави голема борба за Скудетото.

Интер уште не заврши со засилувањата, па се шпекулира дека во тимот треба да пристигне Алексис Санчез во следниот период.

Од друга страна, Мауро Икарди се соочува со немилост на тренерот Антонио Конте, кој му порачал дека нема да игра во првиот тим.

Тоа сака да го икористи Јувентус, кој за потписот на Икарди го понудил Марио Манџукиќ плус одредена сума на пари, чиј износ засега не се открива.

Остануваат уште шест дена до крајот на преодниот рок, па останува да видиме дали ќе се реши иднината на Икарди.