Интер во Премиер лигата го најде наследникот на Лаутаро, не е ни Обамејанг, ни Марсијал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Антонио Конте е подготвен да го продаде Лаутаро Мартинез во летниот преоден рок.

За Аргентинецот има интерес од Барселона која е подготвена да издвои околу 100 милиони евра за да го донесе фудбалерот кој блесна на „Меаца“ оваа сезона.

Во јавноста пак се шпекулираше дека наследници на Лаутаро во Милано може да бидат Пјер Емерик Обамејанг или Антони Марсијал, но се чини дека ни едниот ни другиот нема да го облече дресот на Интер.

Наместо нив, меѓу „нероаѕурите“ ќе пристигне фудбалерот на Евертон и поранешен играч на Јувентус, Моизе Кен за сума од „само“ 25 милиони фунти.