Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Интер веројатно ќе останат без услугите на Лаутаро Мартинез во летниот преоден рок.
За младиот напаѓач постои сериозен интерес од Барселона, а бидејќи играчот сака да игра на клупско ниво со Лео Меси, голема е веројатноста трансферот да се реализира.
Антонио Конте наводно дал согласност трансферот да се реализира, па сега ќе тргне по услугите на Аркадиуш Милик кој ќе треба да го менува играчот во нападот на „нероазурите“.
Милик има постигнато вкупно 46 погодоци на 109 натпревари за тимот на Наполи и би бил одлично засилување за тимот на Интер.
Што се однесува до Алексис Санчез за кој се очекуваше дека би добивал поголеми шанси со евентуалното заминување на Лаутаро, се верува дека нема да потпише перманентен договор со Интер и ќе се врати во Манчестер Јунајтед.