Интер жестоко удри по Бекам: Оваа франшиза е наша, ќе те тужиме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милански Интер планира да покрене постапка против МЛС франшизата на Интер Мајами, која е во сопственост на Дејвид Бекам.

Имено, како што пренесува „Калчо Меркато“, „Нероаѕурите“ се незадоволни поради фактот дека во името на клубот се користи називот „Интер“.

Клубот од Милан тврди дека името се прекршува со пријавата за заштитен знак во САД, додека МЛС се противи на таквиот став. Тие сметаат дека употребата на зборот „Интер“ е од дескриптивна природа и дека често се користи во светот на фудбалот.

„Трминот ИНТЕР е скратеница за „Интернасионал“ (меѓународно) и ИНТЕР често се користи во описите на фудбалските екипи“, стои во документот за спорот во врска со заштитниот знак.

Бекам се соочи со бројни проблеми откако почна во амбициозен проект, а ова е самиот последниот во низата.

Што се однесува до клубот од Мајами, на крајот на март беше обелоденето дека екипата ќе игра на реновираниот „Локхарт стадион“ во следните две години, додека не добие свој стадион, кој ќе го носи називот „Мајами Фридом Парк“.