Интересен развој на настаните, Арсенал носи голман за остатокот од сезонатА?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ОД редовите на Арсенал ја разгледуваат можноста да го ангажираат искусниот Џо Харт како замена за Бернд Лено.

Германецот заработи тешка повреда на коленото по судирот со Нил Мапеј на натпреварот против Брајтон и веројатно сезоната за него е готова.

Арсенал ќе остане само со Емилијано Мартинез и младиот Мет Мејси, па се очекува дека од клубот ќе се обидат да го донесат Џо Харт кој од следната недела ќе биде слободен агент.

Харт би потпишал краткорочен договор до крајот на оваа сезона и веројатно би добил шанса во преостанатите осум натпревари од сезоната.