ИНТЕРВЈУ СО МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТИ: Кире Ристевски, фудбалер на Унгарски Васаш


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кире Ристевски е фудбалер, роден во еден од најубавите македонски градови, Битола.

Моментално настапува за Унгарскиот прволигаш Васаш, а пред тоа има настапувано за Работнички и за Тирана. Иако доста млад Кире има големо интернационално искуство, ги помина сите малдински категории на репрезентацијата и сега е стандарден член на сениорската селекција на Македонија.

Ј.Танчев:  Кире, веќе неколку месеци си во Унгарскиот Васаш, како си задововолен од третманот таму, дали се навикна на градот и која е разликата во однос на нашите екипи ?

К.Ристевски:  “Унгарскиот шампионат е далеку подобар и поквалитетен од нашиот македонскиот, разликата се платите кои се многу поголеми, а за тренинзите дури и не треба да зборуваме. Едноставно, овде се е на врвно, односно на високо ниво“.

 Сега да се вратиме малку назад на почетоците на твојата кариера, да ни кажеш како се почна и каде најпрво започна да тренираш?

Мојот прв клуб беше Пелистер, таму израснав и таму се надоградував и тој клуб ќе ми остане секогаш во срцето, па еден ден се надевам дека и ќе ја завршам кариерата таму кај што ми е срцето, во Битола“.

Имаш настапувано за неколку странски екипи, каде најмногу напредуваше и кој е твојот најголем успех?

“ Точно е, имам играно за неколку странски екипи, сум поминал и добри и лоши моменти, но најдобро се чуствував во тимот на Работнички, едноставно бев прифатен како дома и таму го дожиевеав мојот најголем успех во мојата клупска кариера, каде постигнавме одличен успех во квалификациите за Лигата на Европа. Но, не успеавме да се пласираме во фазата по групи“.

Кога би имал магично стапче што би поправил во кариерата, каде би заиграл ?

“ Би сакал да заиграм во една најсилните лиги на светот, а мојот омилен клуб е Јувентус, па ете можеби таму“.

Ги помина сите малдински категории и сега си веќе во сениорскиот тим на Македонија, кој натпревар во репрезентацијата ќе ти остане трајно врежан во меморијата?

Сум одиграл доста натпревари, како за младите така и за сениорите, но дефинитивно тоа е натпреварот против Шпанија. Игравме против најдобрите играчи во Европа и Светот и тоа е натпревар кој нема никогаш да го заборавам“.

Договорот со Васаш ти важи до 2018 година, што потоа?

Да, до 2018 година ми важи договорот со Унгарскиот клуб, и засега најважно ми е да пружам добри игри во клубот и да се докажам во оваа лига, па дури потоа желбата за подобар трансфер може да се оствари, а нормално во договорот има откупна клаузла , но засега не размислувам за заминување од Васаш.

 

На Европското првенство навиваш за …. и зошто ?

“ На Европското навивав за Хрватска, имам доста добри пријатели од таму и поминати добри моемнти заедно и Хрватите беа мојот фаворит но, ете несреќно испаднаа… па сега ќе бидам неутрален до крајот“.

Ти Благодарам Кире, за одвоенето време и ти посакувам успешна сезона со Унгарскиот Васаш.