Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Симоне Инзаги ќе продолжи да биде тренер на Интер. Раководството на шампионот на Италија и стратегот се договориле за продолжување на соработката, без разлика како ќе заврши реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн.
Тој дуел се игра утре во Милано од 21 часот, а Интер пред седум дена победи во Минхен со резултат 2:1.
„Газета дело спорт“ пишува дека Инзаги ќе потпише нов договор по завршувањето на средбата со Баерн.
Покрај тоа што е на праг на завршницата на Лигата на шампионите, овој клуб е на прво место во Серија А и шест кола пред крајот има три бодови повеќе од второпласираниот Наполи.
Црно-сините се во игра и за пехарот во Купот на Италија. Тие стигнаа до полуфиналето, ги очекува реванш против градскиот ривал Милан, а првиот меч заврши нерешено 1:1.
Фото: Inter FC