Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер го совлада Милан со 3-0 во полуфиналето на Купот на Италија и се пласираше во финалето, каде што ќе игра против подобриот од мечот меѓу Јувентус и Фиорентина.
„Нераѕурите“ се пласираа во финале на Купот по пауза од една деценија, а тренерот Симоне Инзаги кажа дека се надева на трофеи.
„Одигравме одличен и интелигентен натпревар. Сакавме финале и го добивме дербито против Милан. Се надеваме дека ќе продолжиме во ист ритам. Во јануари го освоивме Суперкупот, па сега имаме финале во мај и планирам да го освоиме Скудетото. Нашиот план е да ги освоиме сите трофеи до крајот на сезоната“, вели Инзаги.