Инзаги потпиша нов договор!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Симоне Инзаги го продолжи договорот со Лацио до 2023. година.

Фантастичниот 44-годишен стручњак го предводи римскиот тим, кој се врати на врвот на италијанскиот фудбал, на фантастичен начин, па на взаемно задоволство е договорено продолжување на соработката.

Инзаги ја продолжи соработката со Лацио за следните три години, а договорена е плата од три милиони евра, плус бонуси.

Младиот стратег е на клупата на Лацио уште од април 2016. година. Тој успеа да го врати Лацио со врвот со одлична работа и освои вкупно три трофеи.

Лацио двапати го крена трофејот на Суперкупот на Италија и еднаш Купот на Италија , а оваа сезона е голема борба за титулата со Јувентус.

Инзаги го водеше клубот во 192 натпревари и има рекорд од 106 победи, 35 нерешени и 51 пораз.