Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот тренер го напушта Борнмут по истекот на договорот на крајот на сезоната, а сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
Неговата желба и амбиција е останок во Премиер лигата, моментално „флертува“ со Челси, но тоа не е единствената опција за „сините“. Тоа сака да го искористи – Ајакс! Новиот спортски директор сака да го врати Ајакс на големата карта на Европа, да ја врати титулата во Амстердам и верува дека Ираола би бил вистинскиот човек за тоа.
Ираола кариерата ја градел во Рајо Ваљекано, а одличната работа во Шпанија му овозможи премин во Борнмут, каде што оствари историски успеси.
Што се однесува до Ајакс, сите знаат дека станува збор за европски гигант, четирикратен европски шампион (1971, 1972, 1973 и 1995 година), но сепак, големо прашање е дали Ередивизијата го привлекува Ираола во овој момент.















