Ирец е новата аквизиција на Лестер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ирскиот фудбалер Роби Бреди е на мета на англискиот шампион Лестер.

Бреди во овој момент настапува за тимот на Норвич, а во изминатата сезона постигна три погодоци на 36 настапи и наскоро би можел да го оствари сонот да заигра во Лигата на шампионите.
Во тоа би успеал доколку евентуално пристигне официјална понуда од Лестер и неговиот сегашен клуб одлучи да го продаде.

Станува збор за крилен играч кој често игра и како бек. Бреди кариерата ја започна на “Олд Трафорд”.
Во дресот на репрезентацијата на Ирска одигра 23 натпревари и постигна четири погодоци.

Да потсетиме, Норвич испадна во Чемпионшип, а Бреди има далеку поголеми амбиции.