Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Продолжува драмата во Бруклин нетс, а овој пат во центар на внимание е Кајри Ирвинг, кој пред неколку дена поставил неверојатни барања пред газдата на клубот.
Човекот кој пропушти голем дел од минатата сезона затоа што не се вакцинираше овој пат има друг услов, а неговата идеја е да игра најмногу 60 меча во сезона.
„Џо Цаи се покажа како тврд преговарач, зашто максималниот договор за Ирвинг не доаѓаше во предвид. Ми кажаа дека Кајри имал неверојатни барања за нов договор и не сакал да игра над 60 меча во сезона затоа што сметал дека тоа е премногу напорно“, открива новинарот Рик Бучер.
Ирвинг минатата сезона одигра само 29 меча во НБА-лигата, но причина за тоа беше неговиот став да не се вакцинира.