Ирвинг на терен нема да се врати уште некое време

Една од двете ѕвезди во Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг нема да се врати на терен за брзо време.

Нетси без Ирвинг играат веќе неколку седмици, а како што пренесуваат американските медиуми така ќе биде и наредниот период.

Повредата која се вика торакален бурситис е причина Кајри да отсуствува уште две до три недели.

Нетси без него некако се снаоѓаат и успеваат да бележат победи па моментално се на 7. позиција на Источната конференција со овосезонски скор од 16 победи и 13 порази.

Кога е во прашање Ирвинг тој оваа сезона бележи просек од 28,5 поени по меч, 5,4 скокови и 7,2 асистенции.