Ирвинг: Нема да примам вакцина, свесен сум за последиците, но не направив ништо лошо!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг кажа дека е свесен какви последици може да доживее поради одлуката да не прими вакцина против ковид-19.

Организаторот на играта на Бруклин не прими вакцина против вирусот, а поради правилата во Њујорк, тој не може да тренира и игра со екипата.

„Грешат ако ме претставуваат како херој или негативен лик, тоа не беше моја намера. Станува збор за избор кој е најдобар за вас. Мислите ли дека сакам да изгубам пари, да се откажам од сонот да ја освојам лигата? Не треба да се делиме, туку треба да се почитува изборот“, вели Ирвинг.

Ирвинг смета дека секој има право да реши што е најдобро за себе.

„Тажно е да се види како светот се дели поради оваа ситуација. Ова се луди времиња. Не сум анти-ваксер. Станува збор за тоа што мене ми е добро. Се чувствувам несигурно и тоа е причината. Знам какви последици следат, но не направив ништо лошо“, објаснува плејмејкерот на Бруклин.