Ирвинг загуби уште еден спонзор – сите ѝ вртат грб на НБА-ѕвездата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Контроверзниот кошаркар на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг најверојатно ќе остане без тим на крајот на сезоната, но и без спонзор.

Компанијата „Најк“ реши да не ја продолжи соработката со него за сезоната 2022/23, иако новиот модел на патики на Ирвинг требаше да излезат оваа есен.

Ирвинг соработуваше со компанијата од 2014 година, а се шпекулира дека неговиот договор и понуда ќе бидат ревидирани.

Кошаркарот често беше во центар на внимание на погрешен начин, откако не се вакцинираше и не можеше да игра на домашен терен за Бруклин.

Ирвинг исто така јавно ја критикуваше компанијата „Најк“ затоа што не му се допадна моделот „Кајри 8“.