Искри на дербито во Охрид: Турканица меѓу Лазаревски и Атанасијевиќ, Хосни со бурна реакција


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Денеска во Охрид се играше дербито помеѓу Пелистер и Вардар, што беше повторување на финалето од Купот на Македонија. Веќе во почетните минути на натпреварот се појавија тензии на теренот. Инцидентот се случи во 13-тата минута кога играчот на Вардар, Лазаревски, влезе во остар дуел против Атанасијевиќ.

Лазаревски се обиде да се позиционира подобро и го турна играчот на Пелистер, што веднаш предизвика реакција од Хосни. Неговата бурна реакција доведе до турканица меѓу двете екипи. Сепак, судиите и другите играчи брзо интервенираа, смирувајќи ја ситуацијата пред да ескалира во посериозен инцидент.