Испиша историја на 15 години: Не можев двапати да загубам на ист турнир!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата американска тенисерка Коко Гауф кажа дека е горд на тоа што го постигнала во Линц, кадешто стигна до трофејот на само 15 години, по победата против Јелена Остапенко со 6-3, 1-6 и 6-2.

Американката на тој начин стана најмладата тенисерка, која освоила ВТА-титула, откако тоа го направи Никол Ваидишова од Чешка во 2004 година.

Гауф во исто врме стана втора тенисерка во последните две сезони, која како „среќен губитник“ стигна до првата ВТА-титула.

„Неверојатно е. Загубив на стартот, а потоа станав шампионка. Татко ми кажа дека не можам двапати да загубам на ист турнир. Сигурна сум дека тој не мислеше дека ќе стигнам толку далеку, но беше во право. Ова е неверојатна недела“, кажа Гауф.