Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Маја Виличиќ од Сплит, која со децении живее и работи во Америка синоќа беше блиску до местото, каде што падна хеликоптерот на Коби Брајант и вели дека од маглата не се гледал ниту прст пред око.
Иако уште никој со сигурност не може да ја потврди причината за несреќата и падот на хеликоптерот, во кој починаа прославениот кошаркар и неговата 13-годишна ќерка Џина Марија, постои голем сомнеж дека маглата е виновник за трагедијата.
„Никој во Калифорнија не може да поверува дека Коби по такво време влегол во хеликоптер. Густа магла има во Калифорнија веќе со денови. Буквално може да се сече со нож. Поради тоа два-три дена на главниот аеродром во Лос Анџелес доцнат летовите. Според тоа што може да се слушне досега, претпоставките се дека удриле во планината поради густата магла“, открива Маја, која живее 20 км од местото на инцидентот.