Истекува времето на Зидан на клупата на Реал Мадрид, нов предводник на „кралевите“ ќе биде Покетино?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Ел Чирингито“ пренесува дека од Реал Мадрид веќе стапиле во контакт со поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Времето на Зинедин Зидан во Реал Мадрид се чини е одброено, па евентуален неуспех против Манчестер Сити ќе значи и дефинититвен крај на Французинот на клупата на гигантот од Мадрид.

Реал Мадрид по неочекуваниот пораз од Реал Сосиедад го изгуби лидерското место во Ла Лига, па до крај ќе се бори со Барселона за шампионската титула.

Што се однесува до Лигата на шампионите, „кралевите“ во Манчестер ќе заминат со негатива од 2:1 и за пласман во следната фаза ќе мора да постигнат два гола во мрежата на Едерсон.