Историја и „бесмртност“: Ѓоковиќ е шампион на Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ славеше со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-3 и 7-5 против Каспер Руд за титула на Ролан Гарос, која воедно е негова 23. гренслем-титула.

Србинот стана рекордер по број на гренслем-титули, а притоа стана прв тенисер кој на секој гренслем турнир освоил најмалку три титули.

Ѓоковиќ се враќа на првото место на АТП-листата, каде што од понеделник ќе ја почне 388. недела како првопласиран на табелата.

Српскиот тенисер со освојување на титулата освои и 2,3 милиони евра.