Историски подвиг на млада русинка: Губеше со 1:6, 1:5, одбрани четири меч топки и на крајот победи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Варвара Грачева историски ја победи Кристина Младеновиќ.

Каков подвиг на Варвара Грачева! Или каков „кикс“ Кристина Младеновиќ, зависи од тоа од која страна ќе се погледне, се разбира.

Француската ветеранка со српско потекло беше на чекор до победа, но на крајот загуби од 20-годишната Русинка! На крајот, Младеновиќ-Грачева 6:1, 6:7, 0:6.

Првиот сет Младеновиќ го доби со 6:1 без проблеми, а во вториот поведе со 5:1. Од неа се очекуваше лесно да го донесе мечот до крај и да дојде до победата, но го загуби сервисот и Грачева дојде до 5:2.

Потоа, на 5:2, Младеновиќ имаше три меч топки (0:40), но Грачева се извлече и стигна до 5:3.

Кристина повторно сервираше за победа, но повтноро го загуби сервисот и беше 5: 4, верувале или не.

Тогаш тенисерките разменија неколку сервис гемови до крајот на сетот, па заминаа на тај-брејк, каде Русинката беше убедлива.

Во решавачкиот сет, Грачева продолжи да гази и освои дури пет гема по ред, па стигна до 5:0! Тоа беше серија од дури 10: 1 во гемови.

Тогаш не е ни чудо што освои уште еден гем, па го реши „клучниот“ сет со нула.

Во следното коло, Грачева ќе игра против Петра Мартиќ.

Честитки, Барбара!