Италијаните известуваат: Голем број фудбалери од Серија А нелегално се обложувале


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанските медиуми, меѓу првите „Кориере дела Сера“, донесоа неверојатни вести – 12 поранешни и актуелни фудбалери од Серија А се под истрага поради нелегално кладение. Државниот суд во Милано започна процес врз основа на податоци од мобилните телефони на Сандро Тонали, играчот на Њукасл и Никола Фаџоли, играчот на Фиорентина, кои беа запленети во октомври 2023.

Споменатите играчи веќе беа суспендирани поради слични прекршоци, со тоа што овој пат во приказната се појавуваат нови актери и детали. „Газета“ истакнува дека никој од овие играчи не е под истрага поради сомнеж дека местел натпревари или се кладел на натпревари на кои играл. Она со кое тие се занимавале било кладение на други спортови, но на нелегални платформи, а освен тоа играле и онлајн покер.

„Во истрагата беа запленети 1,5 милиони евра и беа испитани 12 играчи од Серија А“, известуваат Италијаните.

Фото: Newcastle United/FB