Италија ослабена во дуелот со Германија

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Даниеле Де Роси најверојатно поради повреда ќе го пропушти натпреварот на Аѕурите против Германија, во четвртфиналето на ЕВРО.

Де Роси го пропушти тренингот во вторникот и речиси сигурно ќе пропушти натпреварот со Германија, кој се игра во сабота од 21:00 часот во францускиот град Бордо.

Лекарот на селекциајта на Аѕурите Кастелаци во среда ќе соопшти каква е ситуацијата со Де Роси.