Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Алекс Занарди се наоѓа во тешка состојба по сообраќајката која се случи во тек на трка во Италија. Тој удри во камион и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде што имал операција на мозокот.
Занарди загубил контрола и преминал на спротивната лента на која се наоѓал камион, во кој удрил со голема брзина.
Пред 19 години поранешниот возач во Формула 1 доживеа голема несреќа во Германија, кога остана без двете нозе. Сепак, тоа не го спречи и понатаму да се натпреварува во спортот.
Од 2011 година освои 14 медали на големите натпреварувања, од кои 11 беа златни.