Италијанците тврдат: Баерн тргна по играчот на Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баварците ја спремаа и првата понуда.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Баерн спрема понуда од 80 милиони евра за Паоло Дибала.

Во однос на минатата сезона, Дибала ја изгуби својата улога како еден од најважните играчи на Јувенту после трансферот на Кристиjано Роналдо кој пристигна во Торино од редовите на Реал Мадрид.

Corriere dello Sport од своите извори во Германија наведува дека постои „силно одобрување“ за трката на Баерн по Дибала и дека се припрема понуда во износ од 80 милиони евра.

Меѓутоа, медиумите предупредуваат дека Јувентус и понатаму верува во Аргентинецот и дека нема да ги разгледуваат понудите кои се помали од 100 милиони евра.

Дибала се привикнува на новата ситуација после лошата сезона за разлика од изминатата, а неговата иднина исто така зависи и од доаѓањето на новиот тренер, како и евентуалното доаѓање на Иско од Реал Мадрид.