Италијаните тврдат: Халанд одлучил каде ќе игра, нема да се пресели на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми на денешните насловни страни пишуваат каде Ерлинг Халанд ќе ја продолжи својата кариера.

Фудбалерот од Норвешка го привлече вниманието на бројни европски клубови меѓу кои беа и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Јувентус.

Се веруваше дека „ѓаволите“ се фаворити за неговиот потпис, но како што стојат работите, тој избрал да направи трансфер во редовите на Јувентус.

Јувентус ќе треба да плати околу 30 милиони евра за да го обезбеди потписот на младиот Халанд кој зад себе остава многу успешна полусезона.